сабота, 2 мај 2026

Орбан ги обвинува климатските политики на ЕУ за зголемените цени на енергентите

Објавено на

часот

Сподели

Скокот на цените на енергентите ги зголеми тензиите меѓу членките на ЕУ во врска со нивните политики за зелена транзиција. Богатите земји тврдат дека ова докажува дека е потребно да се продолжи со новите климатски политики, додека посиромашните членки на Унијата се загрижени дека сметките на потрошувачите ќе растат.

Аналитичарите велат дека цените на гасот се главниот двигател на трошоците за електрична енергија во Европа, а зголемените трошоци за дозволите на пазарот на јаглерод во ЕУ придонесоа за околу една петтина од зголемувањето на цената на енергијата.

Орбан, кој се соочува со избори следната година, во петокот за државното радио изјави дека „бирократите во Брисел“ се борат против климатските промени со континуирано зголемување на цените на енергијата произведена со помош на јаглен и гас, што доведе до зголемени сметки за домаќинствата низ Европа.

Националистичката влада на Орбан ги ограничи цените на гасот и електричната енергија за домаќинствата во 2010 година, практично ги замрзна цените и мерките оттогаш се на сила.

„Овие одлуки (на ЕУ) мора да се повлечат… сегашните цени на гасот се на нивото што треба да бидат во 2035 година. Брисел денес не е решение, туку е проблемот“, рече Орбан.

„Полјаците, Чесите и ние Унгарците бараме да се повлечат правилата“.

Плановите на ЕУ за проширување на трговијата со јаглерод во секторите за транспорт и греење наидоа на отпор и од богатите и од помалку богатите земји, кои се грижат дека потрошувачите ќе сносат повисоки трошоци.

Шефот на ЕУ за климатска политика Франс Тимерманс рече дека штетните емисии од европскиот транспортен сектор се во пораст. Ако не се контролираат, целта на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година ќе биде загрозена.

„Комесарот по име Тимерманс претставува најголема закана за нас“, рече Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ