понеделник, 20 април 2026

ОН: Во превртување на брод кај Јемен загинале 300 емигранти

Објавено на

часот

Сподели

Резидентниот хуманитарен координатор на Обединетите нации Дејвид Гресли не откри детали, но се претставува дека мислел на инцидентот во кој овој месец морето исфрли тела на јеменскиот брег на Црвеното море кај местото Рас ал Арах, откако брод со емигранти потона во крајбрежјето.

Меѓународната организација за мигранти на ОН (ИОМ) инцидентот го пријави на Твитер на 14 јуни. Коментарите на Гресли ги истакнаа ризиците на долгогодишната емигрантска рута од Рогот на Африка кон богатите арапски земји во потрага по работа.

„Знаеме дека брод кој превезувал емигранти се превртел, меѓу 200 и 300 луѓе веројатно исчезнале, не го знаеме точниот број“, кажа тој.

„Во јеменската покраина Саада, преку која емигрантите се обидуваат да преминат во Саудиска Арабија, има околу 2.000 емигранти затвореници на кои им требаат помош и поддршка“, додаде Гресли.

Опасното патување по море од Рогот на Африка, каде спаѓаат Етиопија, Еритреја, Сомалија и Џибути, ги води луѓето преку Јемен во Саудиска Арабија. Сè повеќе луѓе гинат на рутата со која управуваат шверцери.

Јемен, најсиромашната земја од Арапскиот Полуостров, е заглавен во војна откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија интервенираше против Хутите во 2015, додека 80 отсто од јеменската популација зависи од помош за преживување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ