четврток, 23 април 2026

ОН: Поплави погодија 90.000 луѓе во Јужен Судан

Објавено на

часот

Сподели

Најпогодени се областите во јужната суданска провинција Јонглеи и за многумина ова е втор пат да се соочат со поплави од мај, се наведува во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (Оцха).

Јужен Судан, независен од 2011 година, продолжува да ги трпи последиците од петгодишната граѓанска војна (2013-2018), во која загинаа речиси 400.000 луѓе.

Конфликтите, обележани со етнички масакри и масовни силувања, ја зголемиле сиромаштијата и го парализирале производството на нафта. Според извештајот на Светска банка во април годинава, дури 82 проценти од 11 милиони жители се сиромашни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ