петок, 24 април 2026

Огнена стихија се заканува на предградие на Атина: „Пожарот е надвор од контрола“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот е надвор од контрола“, кажа за радиото Скаи Јанис Калафателис, градоначалникот на Дионис, еден од градовите зафатени со пожарот.

Државната телевизија ЕРТ го прекина редовното емитување на програмата и во живо пренесува специјална емисија за пожарот од зафатените општини во подножјето на планината Пентели, каде летните шумски пожари се чести.

[video:https://youtu.be/AadXK0qWEAk autoplay:0]

Вкупно засега се ангажирани пет хеликоптери и пет канадери. Пожарникарите велат дека ветерот, кој дува со брзина од околу 38 км/ч, дополнително им ја отежнува работата.

Огнениот фронт се протега вдолж „неколку километри“, кажа за Скаи градоначалничката на местото Пентели.

Сè уште не е издадена наредба за евакуација на населението, но властите преку мобилните телефони им испратиле пораки на локалните жители во кои ги предупредуваат во случај на потреба „да бидат спремни да ги следат дадените упатства“.

[video:https://youtu.be/hv_ViaDn5KU autoplay:0]

Според извештајот на локалните медиуми, дел од жителите веќе ги напуштиле домовите.

Поради големите суши грчките шуми секое лето ги зафаќаат пожари, а најчесто ги следат силни ветришта.

Во јули 2018 во пожар кој изби во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 102 лица. И тогаш пожарот почна од падините на планината Пентели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ