Во Русија во моментов има 420 политички затвореници, додека во минатата година имаше 362, наведе Меморијал.
„За жал, бројот се зголемува секоја година. Тоа е тажна и загрижувачка реалност“, рече Сергеј Давидис, кој ја води програмата за поддршка на политичките затвореници во Меморијал.
Оваа невладина организација наведе дека во 2015 година имало 46 политички затвореници.
На списокот на актуелните политички затвореници што го утврдил Меморијал се наоѓа и главниот противник на Кремљ Алексеј Навални.
Движењето Јеховини сведоци, кое е прогласено за „екстремистичко“ и во 2017 година е забрането во Русија, особено е на нишанот на руските власти, а 68 негови членови оваа година се додадени во списокот на политичките затвореници на Меморијал.
Според советските дисиденти, СССР во 1987 година имал повеќе од 700 политички затвореници.






