четврток, 16 април 2026

Новиот ирански претседател Раиси одбил да се сретне со Бајден

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето за можна средба со Бајден, Раиси само одговори: „Не“. Се намурти и се загледа пред себе, без да изнесе какви било детали, пренесува Ројтерс.

Тој кажа и дека САД го прекршиле нуклеарниот договор од 2015 година и дека Европската Унија не ги исполнила своите обврски.

„Соединетите Држави и Европската Унија треба да ги исполнат своите ветувања во рамки на договорот“, кажа Раиси во Техеран, на својата прва конференција за медиумите откако во петокот победи на изборите.

„Барам од САД да се вратат на својата посветеност на договорот. Сите санкции против Иран мора да бидат укинати и верификувани од страна на Техеран“, кажа Раиси.

Тој додаде дека Иран во својата надворешна политика нема да се ограничува само на нуклеарни договори, туку дека ќе има интеракција со светот.

„Нема да ги врзуваме интересите на иранскиот народ за нуклеарниот договор“, порача Раиси.

Тој кажа и дека би требало да добие награда за одбрана на човековите права, кои, како што кажа, секогаш ги бранел, и дека американските санкции против него за наводно кршење на човековите права, всушност се изречени поради неговото вршење на судиската должност.

Кажа и дека за иранската балистичка ракетна програма не може да се преговара.

Во меѓувреме, во Виена од април се водат преговори за да се најде начин Иран и САД да се вратат во нуклеарниот договор, кој Вашингтон го напушти во 2018 година под тогашниот претседател Доналд Трамп, а потоа повторно воведе санкции против Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ