Весникот наведува дека новинарот бил пренесен во болница со тешки повреди, пренесува Срна.
Полицијата соопшти дека еден маж е ранет во пукање во Амстердам, но не го потврди неговиот идентитет.
Peter R. de Vries neergeschoten in centrum Amsterdam https://t.co/V31A769mJc via @telegraaf
— Karin Meijdam (@KarinMeijdam) July 6, 2021
„Еден човек беше застрелан на улицата Ланге Леидесварштат“, соопшти полицијата. Улицата се наоѓа во близина на еден од најголемите градски плоштади.
На самото место дошле брза помош и полиција, која трага по едно или повеќе лица осомничени за нападот.
Весникот Парол, повикувајќи се на очевидци, објави дека Де Врис бил погоден во главата.
Де Врис е вистинска ѕвезда во Холандија, познат по својата истражувачка работа по киднапирањето на пивскиот магнат Фреди Хајнекен во 1983 година. Тој стана познат во САД со својата истражувачка работа за исчезнувањето на тинејџерката Натали Холовеј во 2006 година.
Де Врис претходно беше мета на закани од криминалното подземје поради поврзаност со повеќе случаи.






