На Нова Каледонија, која се наоѓа на околу 2.000 километри источно од Австралија, со договор од 1988 година ѝ било овозможено да одржи три референдуми за независност за да се намалат тензиите во таа пацифичка група на острови.
Откако на референдумите во 2018 и 2020 година е отфрлено отцепувањето од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи повторно ќе бидат прашани: „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“
Во позадина на гласањето се сè позаладените односи меѓу Париз и неговите сојузници во регионот.
Австралијците ги налутија Французите со откажување на договорот за купување подморници во септември за да склучат безбедносен пакт со Велика Британија и САД.
Зад овие спорови, во регионот расте улогата на Кина, а експертите сметаат дека независна Нова Каледонија би можела да биде подложна на влијанието на Пекинг, а мотивација за тоа е интересот на Кина за нивната рударска индустрија.
Кина и досега беше најголемиот увозник на новокаледонски металуршки производи, особено на никел.






