вторник, 5 мај 2026

Нова центристичка партија веројатно ќе победи на изборите во Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Антикорупциската партија Продолжуваме со промени, која ја основаа двајца поранешни привремени министри, води со 26 отсто од гласовите, со 42 отсто преброени гласачки ливчиња од изборите во неделата, покажаа податоците на централната изборна комисија.

Ова се трети избори во оваа балканска земја годинава.

Десничарската партија ГЕРБ на долгогодишниот премиер Бојко Борисов е втора со 21,4 отсто од гласовите. Неговото децениско владеење заврши по изборите во април поради гневот на јавноста за широко распространетата корупција.

Политичките расправии ги спречија противниците на Борисов да изградат влада, и по изборите во април и по тие во јули.

Аналитичарите велат дека Продолжуваме со промени овојпат е подобро позиционирана да запечати коалиција со поддршка на две други антикорупциски групи и социјалистите. Но претстојат тешки разговори, вели британската агенција.

На Бугарите им здодеа политичкиот ќор-сокак поради порастот на цените на енергијата, скокот на случаите на ковид-19, големиот број починати и преплавените болници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ