понеделник, 4 мај 2026

Нивото на јаглерод диоксид на Земјата е највисоко во последните 3 милиони години

Објавено на

часот

Сподели

Концентрацијата на јаглерод диоксид во 2020 година беше 149% повисока од прединдустриските нивоа, според годишниот Билтен за стакленички гасови на Светската метеоролошка организација.

Иако пандемијата на ковид-19 предизвика привремен пад на нивото на нови емисии, немаше забележително влијание врз стакленичките гасови кои се веќе во атмосферата. Наместо тоа, продолжи постепениот тренд на зголемување на стакленички гасови што беше забележан во изминатата деценија.

„Со сегашната стапка на зголемување на концентрацијата на стакленички гасови, до крајот на овој век ќе имаме пораст на температурата што е далеку над целите од Парискиот договор од 1,5 до 2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас, пренесе Си-ен-ен.

„Јаглерод диоксидот останува во атмосферата со векови, а во океанот уште подолго. Последен пат оваа концентрација на јаглерод диоксид на Земјата била пред 3-5 милиони години, кога температурата била за 2 до 3°C повисока, а нивото на морето 10-20 метри повисоко од сега. Но тогаш немало 7,8 милијарди луѓе“, додаде Талас.

Нивото на метан и азотен оксид исто така е на рекордно ниво, на 262% и 123% во однос на нивоата од 1750.

„Мерењата на стакленичките гасови се како почеток на сообраќајна несреќа. Катастрофата е сè поблиску и поблиску, но не можете да ја спречите“, вели Еуан Нисбет од универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ