Израел добива околу 3,8 милијарди долари американска воена помош годишно, рече тој. САД се согласија да обезбедат вкупно 38 милијарди долари воена помош за Израел од 2018 до 2028 година.
Но, времето е „апсолутно“ вистинско за евентуално ресетирање на финансиските односи меѓу САД и Израел, рече Нетанјаху.
„Не сакам да чекам до следниот Конгрес“, изјави тој за Си-би-ес. „Сакам да почнам сега“, пренесе Ројтерс.
Иако Израел долго време ужива двопартиски консензус во рамките на американскиот Конгрес за воена помош, поддршката од пратениците и јавноста е поделена од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.






