четврток, 26 март 2026

Нетанјаху патува во САД на разговори со Трамп за Газа и Иран

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска патува во САД каде што утре треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во фокусот на разговорите ќе биде договорот за завршување на војната во Газа, односно преминување во втората фаза, и можноста за нов напад врз Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според израелското воено радио, за време на оваа, петта посета на САД оваа година, Нетанјаху ќе му го соопшти на Трамп ставот на Израел дека е невозможно да се премине во втората фаза од договорот за Газа пред да се разоружи Хамас.

Според израелскиот јавен сервис Кан, се очекува двете страни да разговараат за почетокот на втората фаза од договорот, за разоружувањето на Хамас, за формирање технократска комисија за управување со Појасот Газа, за формирање на меѓународни сили за „одржување на стабилноста“, како и за делумно повлекување на израелските сили од областа.

Претходно, израелските медиуми, повикувајќи се на извори, пренесоа дека пратеникот на претседателот Трамп, Стив Виткоф, ги информирал израелските власти за потребата од преминување во втората фаза од договорот на почетокот на следниот месец, со загриженост на Израел дека Вашингтон може да изврши притисок за тој чекор без претходно да го разоружи Хамас.

Израелските медиуми посочуваат дека за време на претстојната средба Нетанјаху ќе побара од Трамп „зелено светло“ за можен нов напад врз Иран.

Според американскиот портал Аксиос, на разговорите би можело да биде отворено прашањето за обновување на иранските ракетни капацитети и опциите за нова воена акција.

Весникот Израел Хајом објави дека Тел Авив се подготвува да ѝ претстави опширно досие за разузнавање на американската администрација со цел да ја убеди во потребата од поконкретни чекори против Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ