„Антителата се само еден вид одбрана, секоја инфекција ги покренува Т-лимфоцитите, ние создаваме и некои мемориски клетки што долго живеат и паметат и кои, кога повторно ќе се сретнат со вирусот, подобро реагираат и нѐ штитат“, објасни професорот Марковиќ.
Тоа е, како што рече, имунолошка меморија и врз основа на тоа ние имаме имунитет кога ќе ја прележиме инфекцијата и по вакцината.
Единствените антитела што даваат некои појасни информации, посочи тој, се неутрализирачките антитела, чие количество може да го измерат само специјализирани лаборатории.
„Што и да мерите во која било лабораторија, нема да измерите ниту еден параметар дали сте имун или не“, вели Марковиќ.
„Дури и да го направите тој тест, не знаеме кое е нивото на заштита и мојата порака е јасна – воопшто не мерете антитела“, рече тој.






