сабота, 2 мај 2026

Намалување на тензиите: амбасадорот на Франција се враќа во Австралија

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе работиме со Франција на унапредување на нашите односи. Свесни сме дека по нашата одлука за подморниците за тоа ќе биде потребно доста време и постојано ангажирање“, соопшти Пејн. „Враќањето на амбасадорот е чекор што го поздравуваме во овој процес“.

Австралискиот премиер Скот Морисон, кој претходно изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон одбил да ја прифати неговата покана, исто така денеска ја поздрави одлуката на Париз да го врати амбасадорот во Канбера и порача дека билатералните односи на двете земји се поголеми од откажаниот договор за подморниците.

Раскинувањето на договорот со Франција, која за Австралија требаше да изгради конвенционални подморници, го налути Париз, близок сојузник на Лондон и Вашингтон, кои склопија со Канбера ново трилатерално одбранбено партнерство познато како „АУКУС“, во рамките на кое е предвидена и набавка најмалку на осум нуклеарни подморници.

Откажувањето ја налути Франција, која ги обвини и Австралија и САД дека и „ѝ забиле нож во грб“, а Париз потоа ги отповика своите амбасадори од Канбера и од Вашингтон, за да потврди во средата дека амбасадорот Жан Пјер Тибо ќе се врати во Канбера, но не го одреди датумот.

Во знак на солидарност со Франција, ЕУ минатата недела ја одложи следната рунда разговори со Австралија поврзани со спогодбата за слободна трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ