среда, 6 мај 2026

Најнизок наталитет во Кина во последниве 40 години

Објавено на

часот

Сподели

Податоците што ги објави кинеското национално биро за статистика покажуваат дека во 2020 година имало 8,5 родени на 1.000 жители, што е првпат во последниве неколку децении таа цифра да падне под 10, пренесува британскиот весник Гардијан.

Во статистичкиот извештај објавен за време на викендот се наведува дека природната стапка на пораст на популацијата, земајќи го предвид бројот на родените и умрените, е на најниско ниво и дека падна на 1,45 на илјада жители. 

Владата во Пекинг е под сѐ поголем притисок да го спречи потенцијалниот пад на населението по повеќедецениската интервенционистичка политика во врска со раѓањето и најновите притисоци, вклучително високите трошоци на животот.

Владата не го образложи драматичниот пад, но демографите порано укажуваа на релативно малиот број жени во репродуктивно доба и на сѐ поголемите трошоци за одгледување на семејството.

Популациските проблеми во Кина главно се последица на политиката на едно дете, која почна во 1980 година, и која траеше, со некои исклучоци,  до 2015 година, но тие се дел и од поширокиот процес што се забележува низ целиот свет, особено во источна Азија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ