сабота, 2 мај 2026

Најмалку осум земји покренуваат истраги за Пандорините документи

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица во Пакистан, Мексико, Шпанија, Бразил, Шри Ланка, Австралија и Панама брзо ветија истрага, додека невладините организации низ целиот свет повикуваат на акција откако проектот „Пандорини документи“ откри дека милијардери, политичари и криминалци користат офшор-компании за да избегнат даноци и да перат пари.

Властите во Чешка вчера на Твитер објавија дека ќе ги испитаат оние што се наведени во Пандорините документи, вклучувајќи го и премиерот Андреј Бабиш, кој е среде предизборна кампања.

Пакистанскиот премиер Имран Кан вети дека ќе ги испита сите граѓани наведени во истрагата и „ќе преземе соодветни мерки“ доколку се открие прекршок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ