Официјален претставник на противпожарната служба на градот Осака изјави за Ројтерс дека најмалку уште едно лице е повредено.
Полицијата ги истражува причините за пожарот, вклучително и извештаите дека маж ја запалил зградата, пренесува Кјодо њуз, повикувајќи се на лица вклучени во истрагата.
Весникот „Јомиури“ наведува дека постар маж во зградата донел торба од која истекла запалива течност и која потоа се запалила.
Пожарот избувнал набргу откако клиниката, која се наоѓа на четвртиот кат во деловна зграда на осум ката, почнала да работи во 10 часот по локално време, јави јавната телевизија НХК.
Снимката на НХК покажува чад што излегува од прозорецот и покривот на четвртиот кат.
Во зградата се сместени клиника, училиште за англиски јазик и некои други фирми.
Мобилизирани се вкупно 70 противпожарни возила за гаснење на пожарот, кој во најголем дел бил изгаснат во рок од половина час по повикот на брзата помош, соопштија надлежните.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=EK_UT6F20j0 autoplay:0]





