среда, 29 април 2026

Најбараниот криминалец во Индија убиен во судница (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Двајца мажи преправени во адвокати влегле во судницата во главниот индиски град Њу Делхи и за време на сослушувањето го изрешетале најопасниот криминалец во таа земја, Китендер Ман Гоги, против кого требало да почне судењето за повеќе злосторства – убиства, грабнувања, измама и многу други.

Убиството се случило во општината Рохини, а се верува дека лажните адвокати, кои ги убиле припадници на обезбедувањето, припаѓале на сопернички клан на криминалната организација на Гоги.

Гоги беше на врвот на листата на најбарани лица во Индија, а уапсен беше во март 2020 поради сомнеж за убиство и изнуда. Тој бил главна мета на соперниците бидејќи се наметнал како еден од главните играчи во индиското подземје.

Со криминал почнал да се бави како тинејџер, кога крадел автомобили и друг имот. Беше и главен осомничен за убиството на популарен пејач во индиската сојузна држава Харијана.

Инцидентот предизвика расправа за безбедноста во судниците во Делхи. Еден службеник истакна дека убиството на Гоги покажува дека нема доволно заштита и планирање.

[video:https://youtu.be/kxuF0T2qqIE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ