Како што е соопштено, Санчез утре ќе отпатува во Љубљана на состанокот на лидерите на Европската Унија пред самитот кој ќе се одржи со претставници на Западниот Балкан.
Последен пат во 2018 година на таков собир беше поканет тогашниот премиер на Шпанија Маријано Рахој, но тој одлучи да не присуствува поради учеството на претставник на Приштина, потсетува каталонскиот весник Ел периодико.
На тој самиот беа отстранети сите симболи на Косово, а тоа, на барање на Шпанија, повторно ќе се случи во среда во Љубљана, пишува каталонскиот весник.
Покрај Шпанија, Косово не го признаваат ни Грција, Романија, Кипар и Словачка.
Шпанската влада соопшти дека овонеделниот самит не се одржува за да се зборува за можноста за проширување на членството, туку за односите на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.






