вторник, 5 мај 2026

На изборите во Бугарија жена го изела гласачкото ливче наместо да го стави во кутијата

Објавено на

часот

Сподели

Според порталот Днес, претседателката на избирачкиот одбор на тоа избирачко место Снежана Колева изјавила дека граѓанката не била задоволна од својот избор и побарала друго ливче, а кога ѝ било објаснето дека не може да добие – го изела ливчето во присуство на полицијата. Сите полицајци биле сведоци како гласачката го голта ливчето, а Колева, како што рече, побарала помош од Централната изборна комисија, од каде што добила директива да запише во записникот дека гласачкото ливче било изедено.

Бугарската национална телевизија објави дека изборната регулатива не содржи упатства до изборните комисии како да реагираат во таков случај, но оти гласачкото ливче што недостига нема да влијае на валидноста на изборите, бидејќи изборната комисија знае што се случило со него.

Од вкупниот број прекршувања на изборниот процес, 688 се пријави за поткуп на гласачи, 35 за незаконско водење кампања, 18 за корпоративно гласање и три за уништување имот на избирачко место.

Во Бугарија гласачките места на третите парламентарни избори годинава и на претседателските избори тукушто се затворија. Право на глас имаат 6,7 милиони гласачи, а меѓу 23-те претседателски кандидати за фаворит се смета актуелниот шеф на државата Румен Радев, пренесоа агенциите. Изборите беа свикани затоа што по гласањето во јули не беше формирано мнозинство во парламентот.

Излезни анкети: И овојпат нема јасен победник

И на третите парламентарни избори во Бугарија годинава нема да има јасен победник, покажуваат излезните анкети објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Три анкети ѝ даваат симболична предност на партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), додека во една анкета предност има новата партија Продолжуваме со промени, пренесува Ројтерс.

Во анкетата на „Алфа рисрч“ се наведува дека ГЕРБ има 24,8 отсто од гласовите, додека другите две анкети на партијата на Борисов 23,5, односно 24,7 отсто. Галуп интернешнел објави дека е победник Продолжуваме со промените со 25,7 отсто гласови.

Аналитичарите сметаат дека евентуалната победа на партијата ГЕРБ нема да ја реши кризата, бидејќи Борисов сѐ уште нема со кого да коалицира за да си обезбеди мнозинство во парламентот.

Поголеми шанси да формира влада ѝ се даваат на партијата Продолжуваме со промени, кои би можеле да ги поддржат социјалистите и две помали партии.

Кога станува збор за претседателските избори, нема преголема неизвесност, бидејќи излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател Румен Радев добил 49 отсто од гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ