сабота, 2 мај 2026

Му се суди на 100-годишен нацист

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството го товари дека помагал во убивањето на затворениците во логорот меѓу 1942 и 1945 година, а според обвинителниот акт наводно е одговорен и за соучество во убиството на 3.518 случаи.

Концентрациониот логор Заксенхаузен u Ораниенбург, северно од Берлин, имал особено значење за време на националсоцијализмот. Откако е изграден во 1936 година, служел како пример за изградба на други концентрациони логори, потсетува Дојче веле.

Заксенхаузен подоцна бил административен центар на комплетниот систем концентрациони логори, а бил и камп за обука на СС-овци. Вкупно во него биле затворени 200.000 луѓе. Десетици илјади се стрелани, убиени со плин или умреле во свирепи медицински експерименти.

Германското правосудство во моментов работи на 17 случаи осомничени за злосторства од времето на нацизмот. Меѓу осомничените никој нема помалку од 95 години. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ