среда, 22 април 2026

Москва: Неосновани се германските тврдења за труење на Навални

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за провокација која очигледно на брзина е смислена во евроатлантските земји. Секој кој посериозно би ги анализирал тие наоди би имал сериозни прашања за тоа што навистина му се случило на Алексеј Навални. Во овој момент би им предложиле на нашите колеги од Германија на меѓународната јавност да ѝ ја прикажат видео снимката која експертите на ОПЦВ морале да ја направат при земањето на биолошките примероци од Алексеј Навални во болницата Шарите. Тоа всушност го пропишува Конвенцијата за хемиско вооружување и нејзиниот анекс кој се однесува на верификациите. Без овие докази, тешко е да се поверува дека труењето на Навални навистина се случило“, кажа Захарова.

Недоследностите во извештајот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) за инцидентот со рускиот блогер Алексеј Навални потврдуваат дека овој инцидент всушност бил оркестрирана провокација, заклучи портпаролката на руската дипломатија.

Претставникот на министерството за надворешни работи на Германија Рајнер Бројл кажа дека недоследностите во нацрт-извештајот на ОПЦВ во делот кој се однесува на наводното труење на Алексеј Навални настанале поради грешка во датумот.

Тој кажа дека тој пропуст е поправен во втората верзија на текстот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ