Истовремено ги обвини Соединетите Американски Држави и НАТО за ширење на воените капацитети во Источна Европа.
„Нова ракетна криза во Европа мора да се избегне пред да биде предоцна. Појавата на ракети од краток и среден дострел на овие простори е неприфатлива. Ова е директен начин да се засили конфронтацијата“, порача рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.
Тој кажа дека не треба да се обвинува Русија за нездравата ситуација настаната во односите на САД и Русија.
„Американската администрација продолжува да води отворено непријателска политика, вклучувајќи санкции, неосновани обвинувања против нас и презема загрижувачки потези. Сето тоа создава речиси токсична атмосфера во руско-американските односи и спречува воспоставување смирен и професионален дијалог“, кажа Рјабков.






