Премиерот Борис Џонсон во март рече дека Британскиот музеј е легитимен сопственик на овие антички скулптури, отфрлајќи го трајното барање на Грција за нивно враќање.
„Обединетото Кралство треба да започне дијалог со добра волја со Грција и ги повикувам да го сторат тоа“, рече Мицотакис во говорот во Париз, обраќајќи се на 41-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО и на церемонијата по повод 75-годишнината од основањето на оваа агенција на ОН за образование, наука и култура.
Мицотакис рече дека УНЕСКО направил клучен чекор во септември, кога признал дека прашањето има меѓувладин карактер.
„Според ова, обврската за враќање на скулптурите од Партенон е директна надлежност на британската влада“, нагласи грчкиот премиер.
Грчката влада на премиерот Мицотакис го зголеми притисокот за враќање на културните богатства откако ја презеде власта во 2019 година и најави уште поинтензивна кампања по заминувањето на Британија од Европската Унија.
Од независноста во 1832 година, Грција постојано бара да се врати нејзиното богатство, во Британија познато како „Елгиновиот мермер“, кое британскиот дипломат лорд Елгин го однел од храмот Партенон во Атина во почетокот на 19 век, кога Грција беше под отоманска власт. Танјуг.
Британскиот музеј во Лондон одби да ги врати скулптурите, околу половина од 160-метарскиот мермерен фриз што го красеше споменикот од 5 век п.н.е., велејќи дека Елгин ги стекнал со законски договор со Отоманската Империја и дека тие се дел од заедничкото наследство.






