„Мора да работиме на тоа жените да бидат посмели кога станува збор пополнување на важни позиции“, изјави Меркел во саботата за Зудојче цајтунг.
Жените, дури и кога ги има доволно во некоја компанија или организација, сепак ретко се одлучуваат да се кандидираат за лидерски позиции, вели таа.
Коментирајќи ја актуелната реорганизација на ЦДУ по загубените парламентарни избори, Меркел рече дека една партија која им се обраќа на широките народни маси мора да внимава на еднаквата застапеност на мажите и жените во водечките тела.
„Само мажи, тоа повеќе не одговара на нашето време“, рече Меркел.
Меркел, која беше на чело на ЦДУ до декември 2018 година, изрази оптимизам дека нејзината партија ќе извлече поуки од поразот на парламентарните избори.
Ангела Меркел не се кандидираше на последните избори, а од вторникот, за кога е закажана конститутивна седница на новиот Бундестаг, до формирањето на новиот кабинет таа е на чело на техничката влада.






