среда, 22 април 2026

Меркел ги посети најтешко погодените области: Шокирана сум, ова е надреално

Објавено на

часот

Сподели

Спасувачките служби сè уште трагаат по преживеани, а степенот на штетата полека станува јасен.

Повеќе од 180 лица загинаа во Германија и Белгија, но се стравува дека бројот ќе се зголеми бидејќи голем број се водат за исчезнати.

Германската канцеларка Ангела Меркел денес е во посета на најтешко погодените области.

Меркел го посети тешко погоденото село Шулд и разговараше со жителите и припадниците на итните служби.

„Шокирана сум, вакво уништување е надреално“, рече Меркел.

„Ние сме со вас. И покраината и државата“, рече Меркел.

Германската канцеларка ги пофали напорите и солидарноста во погодените области што ги виде за време на нејзината посета, но предупреди дека проблемите не можат брзо да се решат.

Таа рече дека дошла за во живо да ја види „застрашувачката слика“ на областите погодени од поплавите.

„Германскиот јазик нема зборови за да го опише ова уништување“, рече таа.

Со Меркел била и премиерката на покраината Рајнска област-Пфалц, Мала Дреер.

Меркел вети брза финансиска помош по посетата на најпогодените области и најави дека владата во среда ќе започне со краткорочна програма за закрепнување.

Но, на поплавите во Европа сè уште не им се гледа крајот, наведе Би-би-си. Така, синоќа, итните служби во Австрија спасувале луѓе од австрискиот салцбуршки регион, каде што водата целосно потопила улица во еден град.

Пожарникарите во Виена соопштија дека во саботата навечер паднал повеќе дожд за еден час отколку во последните седум недели заедно.

Во Германија, од друга страна, нови поплави ја погодија Горна Баварија, при што обилни дождови ги поплавиле подрумите и патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ