„Веќе нема причина Сиријците кои избегаа од војната да бараат азил во Германија. Оние кои ќе одбијат да се вратат, секако, можат да бидат протерани“, рече Мерц за време на посетата на северниот германски град Хузум, објави Тајмс оф Израел.
Мерц, исто така, рече дека го поканил привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шари, чии исламистички сили го соборија долгогодишниот лидер Башар ал-Асад минатата година, да ја посети Германија за да разговараат за заеднички решенија.
„На Сирија ѝ е потребна целата нејзина сила, а пред сè Сиријците, за обнова“, рече Мерц.
Околу еден милион Сиријци моментално живеат во Германија, од кои повеќето избегаа за време на големиот бран на миграција во 2015 и 2016 година.






