недела, 3 мај 2026

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот карантин во светот

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на август, жителите на вториот по големина град во Австралија се во изолација – нивно шесто затворање за време на пандемијата – за да ја задушат епидемијата предизвикана од високо заразниот делта сој.

Официјалните лица ветија дека ќе ја укинат забраната откако вакцинацијата со две дози за лица над 16 години ќе надмине 70 проценти во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн.

Премиерот Скот Морисон во четвртокот потврди дека државата ја постигнала таа цел, така што имало места каде вакцинацијата достигнала 80 и 90 проценти.

Од 23:59 часот (13:59 GMT) во пабовите и кафулињата може да има 20 посетители – кои се вакцинирани со две дози – во затворени простории и 50 на отворено, додека фризерите можат да дозволат влез за пет клиенти. Маските и понатаму ќе бидат задолжителни и во затворено и на отворено.

Додека компаниите се подготвуваат да ги пречекаат купувачите, дневниот број заразени во Викторија се зголеми на 2.232 во четвртокот, што го прави втор најголем дневен број во која било австралиска држава за време на пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ