петок, 1 мај 2026

Мелбурн постави рекорд во времетраење на карантин поради пандемијата ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Мелбурн, главниот град на сојузната австралиска држава Викторија, на источниот брег, во неделата изброи вкупно 245 дена што ги помина под наредба да се остане дома, објави каналот АБЦ.

Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржа 234 дена карантин, од 20 март до 11 ноември 2020 година, и кратка десетдневна блокада од 21 мај до 31 мај оваа година, објави АБЦ.

Мелбурн во моментов е во шестото целосно затворање од почетокот на пандемијата на коронавирус и блокадата треба да трае најмалку уште три недели.

Бројот на случаи на зараза во државата Викторија неодамна го надмина соседниот Нов Јужен Велс, во кој бројот на случаи почна да опаѓа откако достигна очигледен плафон.

Во Мелбурн, луѓето се на раб на нервите. Во септември, демонстранти неколку дена беа на улиците за да протестираат против задолжителна вакцинација во градежниот сектор.

Се проценува дека сојузната држава на 26 октомври ќе постигне стапка на вакцинација над 70 проценти меѓу оние над 16 години, што би довело до прекин на блокадите според утврдените правила.

Но, државниот премиер Даниел Ендрјус рече дека не ја исклучува потребата од продолжување на мерките доколку е потребно.

Австралија, со 25 милиони жители, долго време се бореше со стратегијата за целосно искоренување на вирусот, но откако не успеа да спречи неколку жаришта на делта варијантата, се сврте кон целта за постигнување одредено ниво на вакцинација како излез од блокадите.

Австралија од почетокот на пандемијата има забележано 105,000 случаи на инфекција и повеќе од 1.200 смртни случаи поврзани со ковид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ