петок, 24 април 2026

Масовниот убиец Брејвик бара условно пуштање

Објавено на

часот

Сподели

Брејвик беше осуден за детонација на автомобил-бомба пред канцеларијата на премиерот во Осло пред десет години, кога уби осум луѓе, а потоа отиде на островот Утоја, каде што уби 69 млади луѓе во кампот на Работничката партија.

Во јули беше одбележана десетгодишнината од масакрот.

Брејвик во моментов издржува максимална затворска казна од 21 година, која може да се продолжи на неопределено време, додава британската новинска агенција. Сепак, тој има опција да побара условна казна откако ќе отслужи десет години затвор.

Обвинителот од Осло ја отфрли апликацијата на Брејвик за порано ослободување, што значи дека ќе мора да оди на суд, изјави за Ројтерс обвинителката задолжена за случајот Хулда Карлсдотир, потврдувајќи го извештајот на весникот „ВГ“. „Главното прашање за судот во текот на сослушувањето е дали денес постои непосредна опасност од повторување на злосторствата на Брејвик или не“, рече Карлсдотир.

Обвинителството побарало расправата да се одржи во окружниот суд во Телемарк, каде што Брејвик издржува затворската казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ