Во разговорот пред самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува на 31 октомври во Глазгов, Макрон го повика Морисон да се обврзе на сопирање на ископувањето јаглен и употребата на јагленот за производство на електрична енергија, пренесува Ројтерс.
Односите на двете земји се нарушени од минатиот месец кога Австралија, откако склучи партнерство со Британија и САД во областа на одбраната и безбедноста, соопшти дека се повлекува од договорот за воени подморници со француската компанија Навал груп.






