Во интервју за радиото Франс Интер во вторникот, Макрон рече дека тие услови мора да вклучуваат еднаквост за жените, продолжување на странските хуманитарни операции, како и талибанците да одбијат соработка со исламистички терористички групи.
„Апсолутно треба да им дадете иднина на младите девојки во вашата земја, и тоа е една од работите што ќе ги гледаме пред да ве признаеме“.
Тој изјави дека една од неговите грижи е фактот дали на сите девојки ќе им биде дозволено да се вратат на училиште.
„Верувам дека меѓународното признавање треба да има цена, а достоинството на жените од Авганистан, еднаквоста меѓу мажите и жените, треба да биде една од точките на кои ќе инсистираме и тие треба да бидат нашиот услов“, рече Макрон.
Зборувајќи за самитот Г20 што ќе се одржи во Рим подоцна овој месец, Макрон рече: „Ќе зборуваме за Авганистан. Апсолутно мораме, што значи дека ние Европејците, Американците, Кина, Русија и големите сили од Африка, Азија, Пацификот и Латинска Америка, сите заедно, мора да дадеме многу јасна порака дека ќе поставиме услови за признавање на талибанците“.






