вторник, 2 јуни 2026

Маѓар: Будимпешта нема да испраќа војници или оружје во Киев дури ни под новата влада (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Будимпешта нема да испраќа војници или оружје во Украина, дури ни под новата влада.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да потврдам дека Унгарија нема да испраќа ниту војници ниту оружје во Украина, дури ни под новата унгарска влада“, рече Маѓар на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, за време на посетата на Берлин.

Маѓар го замени Виктор Орбан на премиерската функција на почетокот на мај, кој имаше ист став за вооружување на Киев. Сепак, за разлика од неговиот претходник, кој често ги блокираше или забавуваше европските иницијативи за помош на Украина, Петер Маѓар зазеде поинаков став и истакна дека е подготвен за преговори.

Тој потврди дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, под услов техничките преговори за правата на унгарското малцинство во Украина да бидат завршени оваа недела.

Премиерот рече дека е „оптимист“ во врска со решавањето на прашањето за правата на малцинствата и верува дека тоа би можело да отвори „ново поглавје“ во односите меѓу Унгарија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ