среда, 29 април 2026

Лукашенко апси „шпиони“ по фабриките

Објавено на

часот

Сподели

Фабриката за производство на вештачко ѓубре Гродно Азот е мета на санкциите на Западот наметнати како одговор на насилната офанзива на Лукашенко против учесниците на масовните протести кои избија по спорните избори минатата година. Таа фабрика беше и едно од местата од каде почнаа демонстрациите, пишува Ројтерс.

Лукашенко не ја спомна фабриката и не навлезе во детали, но кажа дека вработени во државна фирма проследувале информации за тоа како владата ги поништува последиците од санкциите. Претседателот на Белорусија не кажа кои западни државни наводно се вмешани во шпионирањето.

„Имам информации дека има уште такво злосторници, а си поставиле цел да го известуваат Западот за тоа како Петр Пакомичик (министерот за индустрија) и Јури Назаров (заменик премиерот) се обидуваат да ги заобиколат санкциите“, кажа тој.

„Тие всушност шпионираат и ги проследуваат информациите“.

Оние кои се фатени дека шпионираат за Западот против владата треба да бидат казнети, кажа Лукашенко и додаде дека шпионите во фабриките „се луѓе кои намерно ѝ нанесуваат штета на нашата економија, како и на нашата држава, и за тоа ги плаќаат западните разузнавачки служби“.

Властите не ги коментираа директно апсењата во фабриката кои ги пријави Вјасна 96, групата за заштита на човековите права, која тврди дека вработените се во истражен затвор со кој управува тајната служба КГБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ