четврток, 7 мај 2026

Лидерите на четири бугарски партии договорија формирање на нова влада

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за владејачка коалиција е резултат на долги преговори, почнати по парламентарните избори на 14 ноември, третите оваа година.

Владата ќе ја сочинуваат новата центристичка партија Продолжуваме со промената, настаната на бранот масовни демонстрации против корупцијата, потоа Бугарската социјалистичка партија, новата популистичка партија Има таков народ и либералниот предизборен сојуз Демократска Бугарија.

Тие четири политички опции имаат 134 од 240 места во парламентот, кој во понеделник ќе гласа за избор на нова влада, прва во полн капацитет од април.

Според коалицискиот договор, 41-годишниот копретседател на партијата Продолжуваме со промената Кирил Петков ќе биде кандидат на коалицијата за премиер.

Неговата задача ќе биде да ја извлече најсиромашната членка на Еврпската Унија од тешката здравствена и економска криза.

И Петков и другиот копретседател на неговата партија, 44-годишниот Асен Василев, министер за економија и финансии во претходната преодна влада, ја добија довербата на граѓаните со серијата акции против корупцијата и ветувањата дека ќе се занимаваат со злоупотребата на државните фондови.

Двајцата политичари образувани на американски Харвард сакаат фокусот на новата влада да го стават на транспарентноста, нултата толеранција за корупцијата и реформите во клучните сектори.

За време на преговорите за коалицијата потврдено е дека надворешната политика на Бугарија, членка на НАТО воениот пакт, ќе остане непроменета.

Бугарија немаше влада во полн капацитет од првите годинешни избори во април, на кои беше поразена партијата ГЕРБ на долгогодишниот премиер Бојко Борисов.

По тие избори, како и по јулските, партиите не успеаја да постигнат договор за формирање влада.

Бугарија, земја со седум милиони жители, спаѓа во оние чие население најбрзо се намалува, има најголема нееднаквост во заработката од сите членки на ЕУ и најниска стапка на вакцинација против коронавирусот во блокот од 27 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ