понеделник, 4 мај 2026

Лавров: „Односите со НАТО не се катастрофални. Ги нема“

Објавено на

часот

Сподели

„Односите меѓу Русија и НАТО не можат да се наречат катастрофални бидејќи само нешто што навистина постои може да се нарече катастрофално. Ние немаме односи со НАТО“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Сепак, Лавров истакна дека Москва има добри билатерални односи со некои земји членки на НАТО, вклучувајќи ја и Норвешка каде е во посета.

На 6 октомври НАТО објави намалување на руската мисија во Брисел од 20 на 10 лица, нареди одземање на акредитацијата на осум дипломати и укинување на две позиции за руски претставници во алијансата, а потоа побара руските дипломати да го напуштат Брисел пред крајот на октомври.

На 18 октомври Лавров објави дека Русија ја суспендира својата постојана мисија при НАТО од 1 ноември како и работата на НАТО канцеларијата за информации и воени односи во Москва исто така од 1 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ