сабота, 2 мај 2026

Курти подготвува нов „косовски реципроцитет“

Објавено на

часот

Сподели

Според него, во рамки на целосниот реципроцитет, би требало да има меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.

„Реципроцитетот не е одмазда, туку сметаме дека тоа е принцип на добрососедски односи, концепт на еднаквост. Косово и Србија не можат да имаат нееднакви асиметрични односи, па како независна држава, како влада, ќе се залагаме за целосен реципроцитет кој би донел правда за земјата во смисла на нашите односи, а во рамки на овој реципроцитет заемното признавање треба да биде центарот, односно Србија да го признае Косово“, кажа Курти.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозициските партии дека им штети на односите со САД поради откажувањето на проектот на гасоводот, а потврди дека е во постојан контакт со американската програма МЦЦ.

„Тврдењата не се точни, во контакт сме со МЦЦ, разговараме и за тоа како во оваа фаза е најдобро да се искористат средствата кои ќе ни помогнат во нашите енергетски политики. Значи, ако кажавме дека ни се потребни повеќе информации и студии, тоа не значи дека сме одбиле, туку значи дека сме одговорни. Американските средства се добредојдени и посакувани, ќе ги користи нашата влада“, кажа Курти.

Околу самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, Курти кажа дека е заинтересиран за договорите во кои Косово се третира еднакво и од кои граѓаните имаат корист.

„Отворени сме и спремни за најдобри можно соседски односи, каде меѓу овие шест земји само Србија нè признава, а поради нејзиното влијание ни БиХ. Интересно е што земјите од Западниот Балкан кои се во НАТО го признаваат Косово, па за договори во кои сме еднакво третирани, дури и во поглед на дипломите и квалификациите, дефинитивно сме заинтересирани“, кажа косовскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ