„Јасно дадовме до знаење дека ова прашање е приоритет. Напоменувам дека нема да има договор со Србија без разјаснување на ова прашање“, кажа Курти зборувајќи пред семејствата на исчезнатите.
Тој наведе дека се разговара за отворање на некои гробници и додаде дека побарале измена на законите, но дека тоа не е завршено.
„Во ноември почнавме со изработка на закон и во првите шест месеци од 2022 ќе имаме механизам кој ќе се бави со воените злосторства. Работиме на тоа да ги затвориме вашите рани, но и нашите.
Раскажа дека и самиот „исчезнал“ на 10 јуни 1999, бидејќи неговото семејство не знаело каде се наоѓа и додаде дека има обврска да се придружи на сите мајки во вршењето притисок врз Белград.
Изнесе податок дека денес повеќе од 1.600 лица се водат како исчезнати и дека две третини од нив се Албанци.






