среда, 29 април 2026

Курти: Некој иден референдум би бил израз на слободата на Косово

Објавено на

часот

Сподели

„Значи, не прогласивме независност за да се дистанцираме од Албанија, туку од Србија“, кажа Курти, одговарајќи на новинарско прашање за реалните шанси за спојување на Албанија и Косово.

Наведе дека некој иден референдум спроведен по демократски и мирен пат исто така би бил израз на слободата на Косово, а не некаков товар наметнат на Косово или на народот на Косово.

„Сепак за ова не одлучувам јас. Граѓаните на Косово и Србија, како и на Европа и светот кои имаат двојно или дури тројно државјанство ги охрабрувам да гласаат во две или три држави на секои избори“, кажа Курти.

Наведе дека Косово и Албанија се економски и географски комплементарни што, ако дојде до спојување, според него би им помогнало на сите граѓани од двете страни на границата.

„Граѓаните на Косово и на Албанија живеат во две држави, но не се два народи. Нормално, афирмацијата на нашата поврзаност, блискост, интеграција и соработка на Косово и на Албанија е она што сакам да го зајакнам. Верувам дека овој став не е штетен за другите“, кажа Курти.

Потсети дека и лично е и албански државјанин и дека го практикува своето гласачко право во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ