среда, 22 април 2026

Кубанскиот амбасадор во Белград: Американска интервенција би била нов Виетнам

Објавено на

часот

Сподели

Тој тоа го кажа за весникот Политика одговарајќи на прашањето дали го загрижува можноста за воена интервенција на САД по протестите во таа земја, а која ја бара кубанската емиграција на Флорида.

Според него, Куба е спремна да се соочи со интервенција истакнувајќи дека доктрината на земјата е војна на целиот народ.

„На секој агол ќе наидат на луѓе кои ќе ја бранат земјата. Целиот народ би учествувал. Американците знаат дека имале многу мртви војници и затоа никогаш не се одлучиле за интервенција“, кажа Дел Тодо.

Зборувајќи за неодамна организираните протести во таа земја тој кажа дека Куба има економски проблеми, недостиг, како и рестрикции поради пандемијата на коронавирусот, поради што, како што кажа, Американците видоа прилика и на социјалните мрежи ги поттикнаа немирите.

„Тие секаде го имаат истото сценарио, сакаат да ги искористат гладот и бедата да го побунат народот. Затоа се организирани протестите, но повеќето демонстранти беа луѓе од маргините: деликвенти, крадци, луѓе на условна слобода, осудувани за кривични дела“, кажа кубанскиот амбасадор.

Тој демантираше дека на Куба нема интернет и кажа дека единствената разлика е што го има преку сателит, а не преку кабел, кој е американски, и дека затоа е значително поспор и поскап.

Зборувајќи за вакцините, повтори дека се развиваат пет различни вакцини, од кои една е одобрена и дека се надева дека до крајот на годината сите граѓани ќе бидат вакцинирани.

Сепак, кажа дека кубанската вакцина сè уште не е спремна за извоз, а и кога ќе биде прво ќе им ја понудат на земјите од Јужна Америка.

„Разговарав со српската влада за кубанската вакцина, но мислам дека на Србија до декември нема ни да ѝ треба нова вакцина“, кажа Дел Тодо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ