Уставот од 2019 година, кој бара реформи за модернизација на кубанското правосудство и кривичниот закон, е изворот на промените.
Меѓутоа, наведените промени се бават со дупките во законот кои ги идентификуваа активисти, наведувајќи дека властите се фалеле со одредени законски постапки кои настапија по големите протести во јули.
Кубанските пратеници и судии тврдат дека новите закони ја зголемуваат заштитата на обвинетите за злосторства, како и дека треба да ја подобрат транспарентноста.
Активистите, на пример, бараат обвинетите да се информираат за можни обвиненија против нив и дека на притворените треба да им се овозможи право на адвокат во рок од 24 часа.
Новиот закон им овозможува на граѓаните пристап до судските документи кои се однесуваат на нивните случаи.
Кубанскиот адвокат и правен аналитичар Елој Виера, кој живее во Канада, истакна дека законите се голем исчекор напред во зацврстувањето на правата на граѓаните и нивните права на суд.
„Овој закон нуди повеќе гаранции и е поусогласен со меѓународните стандарди отколку што е актуелната регулатива“, вели Виера.
Начинот на кој тие закони ќе се спроведуваат ќе одреди дали Кубанците ќе добијат значителни промени во своите законски права или не, вели професорот на Американскиот универзитет во Вашингтон Вилијам Леогранде.
„Законите сè уште на функционерите им даваат одредена дискреција и само времето ќе покаже како ќе ја користат, особено во политичките случаи“, истакнува тој.
Дисидентите и организациите за човекови права предупредуваат дека од јулските протести, најголеми од антивладините протести и револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година, се уапсени над 1.000 граѓани.
Наведуваат дека се притворени без обвинение, комуникација и застапување од правник.
Кубанската влада наведува дека уапсените во јули се виновни за своите злосторства, вклучувајќи нарушување на јавниот ред, отпор при апсење и вандализам.
Владата ги прогласи планираните протести за 15 ноември за незаконски, истакнувајќи дека се финансирани и поддржани од Соединетите Американски Држави.
Законите донесени вчера треба да стапат на сила во 2022 година, но правниот аналитичар Виера истакнува дека е малку веројатно дека тие ќе бидат ретроактивни.
Законските реформи сепак го отстрануваат долго критикуваниот закон со кој на властите им беше дозволено да затворат некого за кого сметаат дека е потенцијално опасен.






