Лидерите на партиите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство ќе се сретнат во четврток во 17 часот за да разговараат за понатамошните чекори со цел надминување на актуелната политичка криза.
Тој состанок ќе биде одржан независно од дијалогот за парламентарното мнозинство кој претходната недела го најави премиерот Кривокапиќ.
„Преземав обврски и одговорност и нема да клекнам пред првиот предизвик. На граѓаните на Црна Гора им треба подобар животен стандард, правда и подобра иднина. Ним не им се потребни луѓе кои се откажуваат, туку оние кои се борат за нивните интереси“, кажа Кривокапиќ.






