четврток, 23 април 2026

Крим никогаш нема да биде Русија и враќањето на регионот под власта на Киев е само „прашање на време“, рече Зеленски

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за ТВ-каналот Дом, Зеленски зборуваше за своите спомени од детството за Крим, тврдејќи дека многу граѓани на Украина имаат убави спомени поврзани со Крим и Црно Море.

„Јас живеев таму. Тоа е моја земја. Тоа не е нивна земја и нема да биде“, рече тој. „Тие нема да ги подигнат своите идни генерации овде. Нивните деца нема да живеат тука. Тие нема да умрат за нашата земја. Тоа никогаш нема да биде руска територија“.

Крим беше анектиран кон Русија во март 2014 година. Мнозинството држави во светот сметаат дека полуостровот е илегално окупиран од Москва.

„Дури и одново да ја напишете историјата, дури и ако ги преименувате сите градови, ако ја избришете оваа историја, тоа е невозможно“, рече Зеленски, нарекувајќи го враќањето на полуостровот во Украина „прашање на време“.

Кога се кандидираше за претседател во 2019 година Зеленски рече дека Украина ќе си ја врати контролата врз Крим дури по сменувањето на власта во Кремљ, односно кога сегашниот руски лидер Владимир Путин нема да биде на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ