Во соопштението се наведува дека на осомничените им е одреден притвор во траење од 30 дена откако судот оценил дека постои сомнеж дека извршиле кривични дела тешко убиство и неовластено поседување оружје за кои се осомнчени.
„Судот го усвои предлогот на обвинителството за одредување притвор, земајќи ја предвид високата казна за кривичното дело, фактот што сведоците и оштетените сè уште не се сослушани, фактот што обвинетите се во роднински врски, како и имајќи ги предвид тежината на кривичното дело и околностите во кои е извршено и големите последици предизвикани во овој случај“, се наведува во соопштението и се оценува дека во оваа фаза на постапката ниедна друга алтернативна мерка не била соодветна.
Тројцата притворени, татко и два сина, се осомничени дека на 26 ноември во близина на селото Глоѓане со огнено оружје ги убиле возачот на автобусот и двајцата ученици на возраст од 16 и 17 години.






