сабота, 2 мај 2026

Косовците се вооружени „до заби“

Објавено на

часот

Сподели

Порталот Косовапрес пишува дека бројот на барања за легализација на оружје и понатаму е мал.

„Во периодот на легализација пред две години, поднесени беа само 2.000 барања. Голем дел од оружјето кое граѓаните го поседуваат без дозвола се смета за закана за безбедноста на населението“, наведува порталот.

Косовската влада кажа дека во изработка е измена на законот и кривичниот закон за оружје, а казнените мерки ќе бидат построги.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечија најави заострени мерки со кои би се обесхрабриле граѓаните на Косово да носат оружје.

„Веќе сме во фаза на изработка на законските измени, се надевам дека тоа ќе биде меѓу приоритетите за крајот на оваа година“, кажа министерот.

За нелегално носење оружје предвидена е казна од 7.500 евра или пет години во затвор.

Врз основа на кривичниот закон има и казна од две до десет години затвор за нелегално носење четири или повеќе парчиња оружје или повеќе од 400 куршуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ