сабота, 2 мај 2026

Контроверзниот Северен тек 2 за првпат наполнет со гас

Објавено на

часот

Сподели

Иако Северен тек 2 АГ не го објави датумот кога ќе биде пуштен гасот, експертите сметаат дека испораките би можеле да почнат подоцна во октомври.

Рускиот енергетски џин Газпром најави дека само оваа година планира да пушти 5,6 милијарди кубни метри гас низ новиот гасовод.

Според руската влада, пуштањето во работа на гасоводот под Балтичкото Море, кој ги поврзува руски Виборг со Фрифсвалд на истокот на Германија, би можело да помогне во решавањето на актуелниот недостиг во снабдувањето со гас на Европа, поради што во последните месеци пораснаа цените.

Двојниот гасовод долг 1.230 километри е дизајниран за испорака на 55 милијарди кубни метри гас годишно на европските пазари, што е доволно за снабдување на 26 милиони домаќинства.

Проектот негативно влијаеше врз трансатлантското единство, а критичарите предупредуваат на европската енергетска зависност од Русија.

Украина е особено гневна бидејќи се соочува со губење на милиони долари годишни транзитни приходи.

САД исто така се противеа на проектот бидејќи стравуваат дека Москва може да го користи гасоводот како геополитичко оружје.

Меѓутоа американско-германскиот договор, со кој се предвидува санкционирање на Русија ако гасоводот се користи како средство за притисок, го смири Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ