среда, 6 мај 2026

„Конечно дома“: Икеа се прости од Ангела Меркел (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Од поранешната канцеларка Ангела Меркел се прости и шведската компанија Икеа.

Компанијата и изрази почит на поранешната германска канцеларка со реклама која вчера се појави во два германски весници, Зидојче цајтунг и Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Како што можеше да се види на социјалните мрежи, каде спомнатата реклама се рашири со неверојатна брзина, прикажана е жена која личи на Ангела Меркел.

Таа седи во фотелја на Икеа со прекрстени раце – препознатливата поза на Меркел.

„Конечно дома“, пишува под фотографијата.

Шолц вчера ја презема канцеларската функција порачувајќи дека сака Германија да ја поведе во светла иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ