четврток, 7 мај 2026

Климатските промени се закануваат на производството на нафта и гас во светот

Објавено на

часот

Сподели

Временските непогоди би можеле да влијаат на користењето и извлекувањето на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент или околу 40 отсто од светските резерви на нафта и гас, а меѓу најзагрозените се најголемите произведувачи на црното злато – Саудиска Арабија, Ирак и Нигерија, според податоците со кои располага британската компанија.

Климатските промени оваа година силно ја погодија нафтената индустрија во момент кога екстремно студените временски прилики го погодуваат главниот американски јазол за производство на нафта и гас на брегот на Мексиканскиот Залив, што резултираше со долги прекини на работата и намалено производство.

„Ваквите настани ќе станат сè почести и поекстремни и ќе ѝ нанесуваат уште поголеми удари на оваа индустрија“, смета Рори Клизби, аналитичар за средината на Вериск Мејплкрофт.

Нешто повеќе од 10 отсто од светските комерцијално надоместливи резерви на нафта се наоѓаат во области кои консултантската компанија ги оцени екстремно ризични, од кои речиси третина се изложени на висок ризик.

Екстремно високите температури, недостигот од вода и песочните бури би можеле да станат „Ахилова пета“ за Саудиска Арабија, која е најголем извозник на нафта, сметаат британските експерти.

За Нигерија, вториот по важност африкански извозник, каде наоѓалиштата на нафта се сконцентрирани во областа на речниот систем на делтата на Нигер, закана претставуваат сушите и поплавите, заклучуваат експертите на Вериск Мејплкрофт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ