четврток, 7 мај 2026

Кличко за Билд: Се спремаме за тоа дека Путин би можел да даде наредба за војна

Објавено на

часот

Сподели

„Ние во целата земја се подготвуваме за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да даде наредба за војна“, напиша Кличко во колумна објавена во германскиот весник Билд.

Поранешниот првак на светот во бокс наведе дека како војник некогаш дал заклетва дека ќе ја брани земјата и вели дека е спремен да се бори за својата татковина.

Напиша дека како градоначалник на главниот украински град ја организира цивилната заштита, и дека неговите градски власти веќе почнале со интензивирање на регрутацијата и обуката на резервистите на територијалната одбрана.

„Ние сме европска земја на која повеќе од кога било ѝ е потребна европска поддршка“, заклучи Кличко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ