„Кина за прашањата за нејзините фундаментални интереси, како што се суверенитетот и територијалниот интегритет, нема да остави никаков простор за компромис“, им кажа на новинарите портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
Бајден синоќа изјави дека САД ќе застанат во одбрана на Тајван и дека имаат обврска да го бранат островот кој Кина го смета за своја територија.
Воените тензии меѓу Тајван и Кина се најлоши во последните над 40 години, оценија претходно месецов тајванските власти.
Тајван порача дека е независна држава и дека ќе ги брани своите слобода и демократија.
Кина, меѓутоа, смета дека Тајван е најчувствителното и најважното прашање во нејзините врски со САД и го осудува, како што наведе, „дослухот“ на Вашингтон и Тајпеј.






